Кошаркарот, Зион Вилијамсон, кој се соочуваше со повреда, ги коментираше гласините за негова можна размена.
„Проблемот со тетивата беше голема пречка но, сега се чувствувам одлично. Јас го сакам Њу Орлеанс. Не знам од каде доаѓа идејата дека не сакам да останам“ – вели играчот на Пеликанс.
Вилијамсон од почеток на годинава има просек од 20,8 поени, 8,5 скока и 5,5 асистенции

