Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави официјалните лица за натпреварот Македонија – Австрија од првото коло во главната рунда на СП во Хрватска, Данска и Норвешка.
ИХФ ги делегираше чешките арбитри Вацлав Хорачек и Jири Новотни за денешната пресметка на нашата репрезентација против Австриja.
На досегашните дуелите со Унгарија и Холандија на Македонија и судеа скандинавски судии, додека на дуелот со Гвинеја, судиите беа од Молдавија.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија ќе се игра во „Арена Вараждин“ со почеток од 15:30 часот.
Според очекувањата за жал Македонија нема да ја има истата бројка на навивачи од трибините како што беше тоа во првата фаза. Дел од навивачите имаа аранжман само за првата фаза, а секако и високите цени на влезниците се причина да биде намален бројот на навивачи од Македонија во Вараждин.

