Капитенот на нашата репрезентација, Филип Кузмановски со гол во последната секунда донесе бод за Макеоднија во дуелот против Австрија (29:-29) во првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство (СП) во ракомет.
По мечот, Кузмановски ги сподели впечатоците за она што се счучуваше на оваа средба.
„На крајот можев да бидам и трагичар, промашив пенал за победа, но на крајот ме посака среќата. Имав доволно време да шутнам, презедов одговорност, имав самодоверба и успеав. Покажавме борба во текот на целиот меч, не сакам да потценам никого, но бевме поквалитетни од противникот. Мал проблем ни беше нивната игра седум на шест, а во одредени моменти не бевме и трпеливи. Австрија ги чекаше нашите грешки и ги искористи. Сега ни следи меч со Катар, можеби има мал умор кај нас, но ова е турнирски систем и играме за репрезентацијата. Имаме уште два натпревари и треба да се бориме до крај со секого. Веруваме во нас, затоа што сакаме да ја израдуваме Македонија“, изјави Филип Кузмановски.
Следен натпревар за Македонија на СП 2025 ќе биде дуелот со Катар, в четврток од 15.30 часот.

