Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, го коментираше поразот од Сакраменто. Тој постигна дабл-дабл (14 + 12 асистенции), но потфрли во вториот дел.
„Имавме неколку грешки во третата четвртина. Тие играа агресивна одбрана врз мене. Не искористивме неколку отворени шутеви“ – вели Кари.
„Треба да останеме дисциплинирани и да играме едноставни комбинации. Премногу брзавме и им дозволивме да се вратат во игра“ – беа зборовите на Кари.

