Македонската ракометна репрезентација по ден пауза се враќа на теренот на СП во ракомет во Хрватска, Данска и Норвешка. Нашите ракометари денес за пртивник ја имаат селекцијата на Катар која е предводена од добро познато име за нашата јавност, Веселин Вујовиќ. Предводникот на нашиот денешен противник многу добро го знае квалитетот на македонските репрезентативци, а тоа го кажа и во својата изјава. Од една страна е искусната селекција на Катар составена од неколку познати имиња, а од друга страна е нашата млада и полетна селекција која на пва СП покажа дека игра брз и модерен ракомет кој треба да биде нашиот главен адут на мечот со Катар.
Македонија на оваа сфредба влегува со нешерените 29:29 со Австрија, додека Катар загуби со звукот на сирената од Холандија, а дали тоа делувало на избраниците на Вујовиќ ќе видиме денес.
За денешниот натпревар селекторот Лазаров треба да ги има сите на располагање откако на претходниот натпревар и покрај настинката настапија Митревски и Костевски и го дадоа свој придонес во освоениот бод.
Македонија и Катар досега имаат одиграно само еден натпревар, а тоа бешена СП во Шпанија кога во Севиља, нашата репррезентација славеше со 34:30 во второто коло, за подоцна да го освои 4 место во групата и да обезбеди настап во следната фаза, додека Катар беше на 5.место. По точно 12 години, Македонија и Катар повторно ќе играат на Мундијал, овој пат во главната фаза во битка за што подобар пласман.
Натпреварот Македонија – Катар се игра денес во „Арена Вараждин“ со почеток во 15.30 часот.

