Македонија одигра одличен натпревар и без грешка го одработи натпреварот со Катар за на крајот да слави со 39:34.
Капитенот Филип Кузмановски со шест погодоци повторно беше предводник на нашата селекција, а по натпреварот истакна дека е горд на соиграчите и дека сите заедно покажаа како се игра во репрезентативниот дрес.
„Кажав и пред натпреварот со Катар дека одиме на победа. Верував во сите, ова е награда за сите наши натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути да славиме на натпреварите со Унгарија и Австрија. Сите бевме пожртвувани максимално, горд сум на момците, сеуште сум под емоции и многу сум радосен за оваа победа. Зад нас оставаме едно добро првенство, покажавме како треба да играме за Македонија и продолжуваме напред. Одигравме како тим, изгинавме сите за еден и покажавме единство“, рече капитенот на нашата репрезентација Кузмановски.

