Марко Кизиќ доби шанса од почетокот на натпреварот со Катар и одлично ја искористи, а со своите 10 одбрани беше одличен на голот на Македонија. Кизиќ бранеше добро во првото полувреме кога Македонија направи разлика од 4 гола по првото полувреме, за на крајот се радува на победата од 39:34.
Голманот на нашата репрезентацијададе свој коментар за натпреварот:
„Успеавме во прво полувреме да направиме разлика, тоа беше многу важно за нас. Продолживме да играме во ритам и заслужено победивме со Катар. Имавме наш стил на игра, брз, тој е исто за секој противник. Ние сме млади, треба да го користиме тоа затоа што тоа е наша предност. Како и на секој меч ја практикувавме нашата игра. Енергетски, одлично се чувствуваме. Дојдовме до важна победа, зад нас оставаме многу добри натпревари, за крај не чека мечот со Франција во кој треба да уживаме“, рече Кизиќ.

