Репрезентацијата на Македонија утре ќе го одигра натпреварот со Франција кој е последен од главната фаза на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.
Голманот Марко Кизиќ ги кажа очекувањата за утрешното соочување со репрезентацијата на Франција, која е голем фаворит за медал на ова СП.
,,Нормално се подготвуваме за Франција како и зa сите други натпревари, ќе го дадеме максимумот на овој натпревар, ќе се обидеме да се покажеме во добро светло, не треба да се трошат зборови за Франција, знаеме колку е моќнa, но ќе си ги пробаме шансите, доколку излезат останатите резултати во наша корист и ние стигнеме до четвртфинале, тоа ќе биде навистина огромен успех за нас, но нашиот фокус е само Франција, одиме на сѐ против Франција. Сите се квалитетни во оваа селекција, мора добро да се снајдеме со нив”, изјави Кизиќ.
,,Мислам дека имавме едно добро првенство, покажавме дека можеме да игра против силни репрезентации и силни играчи, можеби ни недостасуваше среќа и искуство на дел од натпреварите, но нашата младост која ја имаме ни дава простор за повеќе да напредуваме и да бидеме подобри во иднина”, заврши Кизиќ.

