Нашата ракометна репрезентација денес ќе го одира последниот натпревар од главната фаза на СП во ракомет. Ракометарите вечерва за противник ја имаат селекцијата на Франција која е еден од фаворитите за златото на ова СП.
Французите веќе имаат обезбедено пласман во четвртфиналето, а Македонија не само што треба да направи изненадување, туку најнапред треба да го чека исходот од натпреварите кои ќе се одиграат прес нашиот. Дали на Македонија ќе мора да бара изненадување ќе знаеме откако Унгарија и Холандија ќе ги завршат своите натпревари кои се играат од 15.30 и 18.00 часот.
Во групата 1 која се игра во Хернинг (Данска) ситуацијата е таква што Данска и Германија се веќе четврфиналисти само останува да видиме кој на кое место ќе заврши од останатите репрезентации по одигрувањето на денешните натпревари.
Група 2 -главна фаза – Вараждин – 3.коло
15.30 Холандија – Австрија
18.00 Катар – Унгарија
20.30 Франција – Македонија
Табела:
1.Франција – 8
2.Унгарија – 5
3.Македонија – 4
4.Холандија – 4
5.Австрија – 3
6.Катар – 0
Група 1 – главна фаза – Хернинг – 3.коло
15.30 Италија – Швајцарија
18.00 Чешка – Данска
20.30 Германија – Тунис
Табела:
1.Данска – 8
2.Германија – 6
3.Италија – 4
4.Швајцарија – 3
5.Чешка – 3
6.Тунис – 0
Президент Куп – Пореч 3.коло
Група 1
15.30 Алжир – Кувајт
18.00 Гвинеја – Полска
Табела:
1.Полска – 4
2.Алжир – 2
3.Кувајт – 2
4.Гвинеја – 0

