Македонската ракометна репрезентација беше поразена со 32:25 во последниот меч од главната фаза на Светското превенство. Откако Унгарија претходно ја совлада селекцијата на Катар и обезбеди четвртфинале, овој меч со Франциј абеше без посебно резултатско значење, но избраниците на Лазаров се обидоа достојно да му парираат на големиот фаворит во текот на сите 60 минути.












Франција беше подобар противник, ние не реализиравме многу пенали и зицери, што на крајот не чинеше малку поубеднив пораз. Сепак, и со овој пораз од 7 гола разлика, Македонија ќе остане на 4. место во групата што за нас ќе значи пласман од 13 до 16 место на овој ракометен мундијал.
Денеска во нашиот тим најдобар стрелец беше капитенот Филип Кузмановски со 8 гола, 4 постигна Марко Митев, додека Жарко Пешевски трипати ја погоди мрежата на Франција. Кај „триколорите“ како најдобар реализатор заврши Дика Мем со 8 погодока.

