Македонија одигра добар натпревар ,но немаше сили за позитивен резултат против силната Франција, но со едно борбено, солидно издание му се спротистивме на фаворитот за чесен пораз на крајот од 32:25.
Со ова заврши настапот на нашата репрезентација на мундијалот и тоа со учинок од две победи, два порази и две нерешени средби, учинок за топ 16 пласман на турнирот.
„Ова беше натпревар за уживање, Франција е една велесила, се спротиставивме со сите можни сили, оставивме добар впечаток и ова ќе биде мотив за во иднина. Ова е еден од нашите подобри турнири во последниве години, бевме добро подготвени, почнавме најрано, дојдовме први во хотелот, покажавме дека оваа Македонија има снага, сила, мотивација за во иднина и се надевам дека ќе ги радува Македонците“, порача кружниот напаѓач во нашата репрезентација Жарко Пешевски.

