Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров со благодарност до Мукаетов, по изборот на нов претседател ќе се знае неговата иднина
    Ракомет

    Лазаров со благодарност до Мукаетов, по изборот на нов претседател ќе се знае неговата иднина

    risteBy riste26/01/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, по крајот на Светското првенство јавно се заблагодари на актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов кој го имаше последното големо натпреварување на чело на РФМ.

    Познато е дека Мукаетов се повлекува од позицијата, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе добие нов претседател. Лазаров кажа дека сите добиле огромна поддршка од него и додека тој бил играч, а и сега како селектор со националниот тим.

    „За Живко Мукаетов имам само пофални зборови, би сакал да ја искористам приликата за јавно да му се заблагодарам за поддршката што ни ја даваше во целиот овој период, со години наназад. Бевме заедно во добрите моменти, исто така и во лошите, но тоа само направи да бидеме уште поупорни за да успееме, и успеавме навистина – изградивме една нова генерација која игра квалитетен ракомет.

    Можам слободно да кажам дека тој е извонреден човек преполн со енергија, кој многу го сака спортот и ја сака Македонија, соработувавме беспрекорно и неговото заминување секако ќе остави трага“, изјави Лазаров.

    Лазаров дека ќе почека до изборот на нов претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во месец март, па ќе седне и ќе разговара за неговите визии и ќе се знае дали ќе остане да ја предвои оваа генерација на ракометари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.