Екипата на Далас Маверикс го обезбеди потписот на центарот, Кајлор Кели, (27 години, 213 сантиметри) .
Екипата од Тексас на тој начин најде замена за повредените Дерек Лејвли и Макси Клебер. На натпреварите од Г лигата оваа сезона, Кели имаше просек од 11,0 поени, 7,2 скока и 2,4 блокади за 27,6 минути поминати на теренот.
Далас пред да го ангажира младиот кошаркар мораше да ја прекине соработката со Гортман за да направи место на списокот.

