Ракометарот на Хрватска, Филип Главаш, беше нерешлива енигма за словенечките голмани. Тој на вчерашниот меч во Загреб имаше сто проценти реализација од линијата од седум метри.
„Не отворивме добро но, публиката не подигна кога требаше а ние се организиравме во одбраната и успеавме. Словенија одигра борбено, тие се одлична екипа, знаевме дека ќе биде потешко отколку против Исланд“ – вели Главаш.
„Сега не чека Унгарија а со нашите гледачи само небото е граница. Среќен сум за Дувњак, тој е нашата душа и срце на тимот, па не сакавме тоа да биде негов последен натпревар“ – рече Главаш.

