Ракометарот на Германија, Јури Нор , доби зелено светло да настапи во четвртфиналето на ракометниот Мундијал.
24-годишниот играч кој поради болест ги пропушти натпреварите од главната рунда, денеска замина за Осло. Таму в среда од 20.30 Германија ја очекува тешка битка со најпријатното изненадување, селекцијата на Португалија.
„Досега ми оди добро. Направивме уште еден тест на крвта и вредностите се добри. Подготвен сум за четврт-финалето“ – рече Нор пред заминувањето за Норвешка.

