Ракометарот на Франција, Самир Белачене, кој се повреди на тренинг и беше принуден да ја напушти француската селекција по само два натпревари на Светското првенство, проговори пред новинарите.
Францускиот голман првата фаза од лекувањето ја имаше во Монпелје. Тој набрзо ќе замине во неговиот состав, Келн.
„Имам контузија на мускулот над десното колено. Мислам дека повеќе проблеми ми прави стравот отколку повредата. Во секој случај ќе мора да одмарам околу две недели“ – изјави ракометарот на „галските петли“.

