Десниот бек на Пари Сен Жермен, Јахиа Омар, по пласманот во четвртфиналето, каде денес репрезентацијата на Египет ќе се соочи со Франција даде свој коментар за овој натпревар.
„Многу луѓе не гледаат во Египет, очекувањата се огромни. Луѓето очекуваат да го „надминеме“ тој четвртфинален проблем што го имаме. Тоа ни успеа еднаш, на Олимписките игри во Токио. Франција е голем тим, имаат многу големи играчи и имаат опции на секоја позиција. Ние како екипа имаме големи срца, ќе се бориме, ќе видиме кој ќе го има денот“, изјави репрезентативецот на Египет.

