Холандскиот репрезентативец Чави Симонс официјално стана играч на германскиот РБ Лајпциг, клуб каде две сезони настапува како позајмен фудбалер од редовите на ПСЖ.
Бундеслигашот одамна најави дека е силно заинтересиран за перманентен договор со офанзивецот, а сега конечно дојде и до договор со „светците“ од Париз, кои за него ќе добијат 55 милиони евра.
Оваа сума може да порасне во следните три години и парижаните на крајот би можеле да добијат дури 80 милиони, но тоа ќе зависи од учинокот на Симонс, постигнатите голови и асистенции, како и евентуалните освоени трофеи со РБ Лајпциг.
ПСЖ во 2019 година го доведе Симонес како голем талент од Барселона. Тогаш имаше само 16 години и доби договор на три сезони, но потоа го отстапија на РБ Лајпциг, каде досега одигра 43 натпревари и постигна тринаесет голови.
Претходно беше и на позајамица во холандскиот ПСВ Ајндховен, каде постигна 19 гола.

