Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»РБ Лајпциг го откупи договорот на Чави Симонс
    Фудбал

    РБ Лајпциг го откупи договорот на Чави Симонс

    risteBy riste30/01/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Холандскиот репрезентативец Чави Симонс официјално стана играч на германскиот РБ Лајпциг, клуб каде две сезони настапува како позајмен фудбалер од редовите на ПСЖ. 

    Бундеслигашот одамна најави дека е силно заинтересиран за перманентен договор со офанзивецот, а сега конечно дојде и до договор со „светците“ од Париз, кои за него ќе добијат 55 милиони евра. 

    Оваа сума може да порасне во следните три години и парижаните на крајот би можеле да добијат дури 80 милиони, но тоа ќе зависи од учинокот на Симонс, постигнатите голови и асистенции, како и евентуалните освоени трофеи со РБ Лајпциг. 

    ПСЖ во 2019 година го доведе Симонес како голем талент од Барселона. Тогаш имаше само 16 години и доби договор на три сезони, но потоа го отстапија на РБ Лајпциг, каде досега одигра 43 натпревари и постигна тринаесет голови. 

    Претходно беше и на позајамица во холандскиот ПСВ Ајндховен, каде постигна 19 гола. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.