Хрватската ракометна репрезентација по шеснаесет години повторно ќе игра во финале на СП и ќе се бори за злато, откако синоќа во Загреб ја победи моќната Франција.
Хрватска славеше со 31:28 во убедливо најдобриот одигран натпревар на оваа генерација, предводена од исландскиот стратег Дагур Сигурдсон.
По полуфиналето голманот Доминик Кузмановиќ не го криеше задоволството и откри што им рекол Игор Карачиќ пред почетокот на натпреварот.
„Мислам дека не сме свесни дека сме во финалето. Уживавме во прекрасната атмосфера со навивачите и семејствата. Сонувавме за финалето, ова е остварување на сонот. Кога го слушнав последниот свиреж, ме погоди. Во Карловац луѓето нè испратија, а Иван Карачиќ рече дека не смееме да го загубиме овој натпревар и оттаму почна сè. Имаме уште еден натпревар и сакаме да го одиграме како овој вечерва. Не е важно со кого ќе играме во финалето“, изјави Кузмановиќ кој е еден од хероите на Хрватска. Доминик Кузмановиќ на вчерашниот натпревар со Франција заврши со тринаесет интервенции, од кои неколку беа во клучните моменти во самиот финиш кога не и дозволи на Франција да фати приклучок.

