Откако вчера ја победија Хрватска (32:26) во финалето на СП 2025 година, Данците имаа многу поплаки на грубата игра на хрватските ракометари, а особено реакцијата на Матео Мараш кога му згазна на ногата на Матијас Гидсел.
„Тоа е валкан трик. Тоа не е дел од спортот и многу ме лути. Толку е грдо да се гледа… Една од најгрдите работи што сум ги видел”, коментираше ракометниот стручњак Клаус Молер Јакобсен за данската ТВ2.
Гидсел, сепак, не ја доживеа контроверзната ситуација толку драматично, сметајќи дека судиите ја имаат играта под контрола.
„Судиите го контролираа тоа, а потоа Хрватска мораше да игра онака како што може. Мислам дека судиите не заштитија и го направија она што беше потребно“, рече данскиот херој.

