Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски, заврши во ТОП 5 листата на најдобри стрелци на вчера завршеното Светско првенство во ракомет.
Данецот Матијас Гидсел, освен што беше прогласен за МВП на Мундијалот, заврши и како најдобар стрелец со 74 постигнати голови. Нашиот Филип Кузмановски овој Мундијал го заврши со 49 постигнати гола на петтото место.
Пред него се најдоа и Франсиско Коста и Дика Мем со по 54 постигнати голови, како и уште еден Данец, Симон Питлик, со 50 гола.

