Еден од сопствениците на Далас, Патрик Думон, се обиде да ја оправда одлуката зошто го испрати Лука Дончиќ во тимот на ЛА Лејкерс.
Тој рече дека причината за тој потег не е претстојната обврска од 345 милиони долари, колку што би вредел новиот петгодишен договор на Дончиќ.
„Мислам дека тимовите победуваат со тоа што се фокусирани, имаат правилен карактер и вистинска посветеност да работат што е можно понапорно. Ако не го правите тоа, ќе изгубите“ – рече Думон.

