Кошаркарот, Кристијан Колоко, зборуваше за тешкотиите да се биде играч со двонасочен договор. Тој настапува во Лејкерси и паралелно во Г-лигата.
„Не е лесно, не е лесно, но тоа е реалноста на договорот. Ние сме на десетдневно патување со главниот тим… потоа доаѓам во Саут Беј и треба да играм 35 минути. Тоа е многу тешко но, тоа е убавината. Мора да одговорите на предизвиците. Претпоставувам дека сум навикнат на тоа“, изјави центарот на Лејкерс.
Колоко во сезонава одигра 29 натпревари за „езерџиите“.

