Бостон би можел да бара замена за дел од врвните кошаркари. Имено, луѓето од НБА веруваат дека новите сопственици на Селтикс нема да сакаат да го поддржат актуелниот ростер.
Земајќи ги в предвид платите и даноците, тимот ќе треба да плати 513 милиони долари за наредната сезона.
Според најавите, Кристап Порзигинс, сигурно ќе биде разменет но, Летонецот нема да биде единствениот кој ќе си замине.

