Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембиид, кој подолг период се соочува со повреда на левото колено мораше да го пропушти и мечот со Чикаго.
Тоа беше 38-та средба во сезонава на која не се појави големата ѕвезда на Филаделфија.
Ембиид има одиграно само 58 натпревари во регуларниот дел на НБА и седум во елиминациската фаза откако беше прогласен за МВП во сезоната 2022-2023.

