Ветеранот во дресот на Филаделфија, Ерик Гордон ќе пропушти најмалку три месеци од натпреварите во НБА лигата, соопштија од неговиот клуб.
Шутерот на Филаделфија бил успешно опериран на десниот зглоб и ќе биде подложен на рехабилитација приближно три месеци.
36-годишниот Гордон оваа сезона има просек од 6,8 поени, 1,2 скока и 1,7 асистенции за 19,7 минути по натпревар.

