Ракометната Федерација на Македонија денеска информирае дека од понеделник ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот на сениорската ракометна репрезентација која на 12 март со почеток во 20:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра квалификацискиот натпревар за ЕП 2026 против селекцијата на Словенија.
Продажбата на влезници ќе оди преку интернет-страницата на МК Тикетс, а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажната цена на влезниците за натпреварот е 200 и 300 денари.

