Кошаркарот на Кливленд, Тај Џером, е казнет поради критиките упатени кон судиите по натпреварот со Портланд одигран во НБА лигата.
„Ми се чинеше дека судиите денеска завршија многу лоша работа. Особено Натали – таа беше многу лош судија. Тоа се случува – судиите ја губат контролата врз играта. Првото полувреме е едноставно апсурдно. Третата четвртина беше кошмар“ – рече Џером.
Тој ќе треба да плати парична казна од 25.000 долари.

