Лидерот на Голден Стејт, Стеф Кари, се повреди на натпреварот против Шарлот. Тој призна дека го извиткал глуждот на десната нога но, се надева дека ќе игра против Њујорк Никс.
„Мислам дека ќе играм но, ако мојот зглоб вели дека не можам, тогаш нема“ – објасни Кари.
Неговиот состав го има седмото место во Западната конференција со што останува во трката за пласман во плеј-офот.

