Селекторот на нашата машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров, се насочи кон двата меча со Словенија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Ние в среда ќе бидеме домаќини а веднаш потоа ќе гостуваме во Копер.
„Гледате и самите дека нацијата е желна за квалитетен ракомет. Играме против квалитетен противник кој играше полуфинале на ЛОИ и заврши на 5. место на последното ЕП. Ќе се бориме до последен момент и веруваме во позитивен резултат“ – изјави Лазаров.
Македонија во досегашниот дел од квалификациите има победа против Естонија и пораз од Литванија.

