Нашите најдобри ракометари ја очекуваат два меча против Словенија во квалификациите за Европското првенство. Првата средба ќе биде в среда во Скопје а втората веднаш потоа во Копер. Крилото, Ненад Костески, очекува поддршка од трибините и поволен резултат.
„Знаеме за каква репрезентација станува збор. Треба да бидеме подготвени за првиот дуел пред полна сала. Одиме на победа“ – рече Костески.
„На сите позиции се покриени добро, играат брз и модерен ракомет. Треба добро да ги анализираме“ – рече нашиот репрезентативец пред мечот во СЦ „Борис Трајковски“.

