Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинааа лошата серија и откако имаа четири порази по ред, сега тимот е во мини серија од две победи. Ноќеска ЛА Лејкерс жгГо победи Сан Антонио со 125:109.
Тимот од Лос Анџелес уште по првата четвртина имаше предност од 32:22, а таа предност ја зголемуваа во текот на целиот натпревар, за да во еден период од третата четвртина имаат предност од 28 поени разлика. Лука Дончиќ овојпат не беше прв стрелец кај Лејкерс. Словенецот беше засенет од Остин Рејвс кој постигна 30 поени, а имаше и седум скокови и шест асистенции. Дончиќ заврши со 21 поени, 14 асистенции и девет скока, што значи дека му недостасуваше само уште еден скок за да има трипл-дабл.
Денвер славеше над Голден Стејт со 114:105, а овој меч поради повреда на лактот кај гостите го пропушти Никола Јокиќ.
Резултати:
Њујорк – Мајами 116:105
Хјустон – Филаделфија 144:137
Минесота – Индијана 130:132
Њу Орлеанс – Детроит 81:127
Јута – Чикаго 97:111
Голден Стејт – Денвер 105:114
Феникс – Торонто 129:89
Портланд – Вашингтон 112:97
Сакраменто – Мемфис 132:122
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 125:109

