Kошаркарот на Сакраменто, Демар Дерозан, кој постигнаа 22 коша на мечот со Чикаго, стана 27-миот играч во историјата на НБА кој успеал да ја надмине границата од 25.000 поени.
Дерозан за 36 минути на паркетот покрај 22 коша, имаше и 5 асистенции и 3 скока. Тој ја достигна историската граница во финишот на третиот период.
Дерозан е шестиот активен играч кој постигнал 25.000 поени покрај Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Расел Вестбрук и Стеф Кари.

