Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барди: Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода
    Фудбал

    Барди: Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода

    risteBy riste21/03/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Предводникот на теренот во нашата фудбалска репрезентација, капитенот Енис Барди на прес-конференцијата пред натпреварот кој Макеоднија го игра против Лихтенштај го кажа своето очекување од првиот натпревар во овие квалификации за СП.

    Капитенот Енис Барди верува во соиграчите и очекува уште еден зрел циклус на Македонија во овие квалификации.

    „Деновиве добро се спремивме и сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет. Свесни сме што ни значат овие квалификации. Во модерниот фудбал нема фаворити и мора тоа да си го врежеме во глава. Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода и до целта која си ја поставивме.  Енергијата и желбата за победа сами ќе си дојдат, имаме квалитет кој може да ни донесе три бода. Нема да го потцениме противникот, ве уверувам во тоа“, рече капитенот на Македонија, Енис Барди.

    Барди исто така зборуваше и за враќањето на Горан Пандев во нова улога во националната репрезентација.

    „Цело време сме во контакт со Горан Пандев, многу ми помагаше цело ова време. Тој е голем човек, беше голем фудбалер и многу ќе ни помогне. Знае фудбал, знае да менаџира работи околу тимот и ќе ни биде од голема помош“, заврши Барди.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.