Предводникот на теренот во нашата фудбалска репрезентација, капитенот Енис Барди на прес-конференцијата пред натпреварот кој Макеоднија го игра против Лихтенштај го кажа своето очекување од првиот натпревар во овие квалификации за СП.
Капитенот Енис Барди верува во соиграчите и очекува уште еден зрел циклус на Македонија во овие квалификации.
„Деновиве добро се спремивме и сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет. Свесни сме што ни значат овие квалификации. Во модерниот фудбал нема фаворити и мора тоа да си го врежеме во глава. Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода и до целта која си ја поставивме. Енергијата и желбата за победа сами ќе си дојдат, имаме квалитет кој може да ни донесе три бода. Нема да го потцениме противникот, ве уверувам во тоа“, рече капитенот на Македонија, Енис Барди.
Барди исто така зборуваше и за враќањето на Горан Пандев во нова улога во националната репрезентација.
„Цело време сме во контакт со Горан Пандев, многу ми помагаше цело ова време. Тој е голем човек, беше голем фудбалер и многу ќе ни помогне. Знае фудбал, знае да менаџира работи околу тимот и ќе ни биде од голема помош“, заврши Барди.

