Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија до првите бодови во квалификациите за СП во најтажниот меч во историјата
    Фудбал

    Македонија до првите бодови во квалификациите за СП во најтажниот меч во историјата

    risteBy riste22/03/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација со очекувана победа ги почна мундијалските квалификации. Нашата селекција го совладаа Лихтенштајн во Вадуц со 0:3 (0:2) и со три бода ги отвори овие квалификации.

    Натпреварот го следеа 4.904 гледачи, а поголемиот дел од нив беа наши навивачи кои дојдоа во голем број да го следат натпреварот, а со тоа да им оддат почит на трагично загинатите во несреќата во Кочани.

    Македонија поведе на самиот старт на натпреварот , во 7.минуа кога Миовски се проби по левата страна , го помина голманот на Лихтенштај и упати центаршут кој го искористи Александар Трајкови и со глава ја смести топката во мрежата на домашната селекција.

    По ударот од аголот во 42 минута, во петерецот најдобро се снајде Висар Муслиу и со нога ја упати топката во небранетата мрежа за водтсво на Маједонија од 2:0.

    Вториот дел започна  со две мешаници пред домашниот гол и лоша реализација на нашите напаѓачи. Атанасов и Илиевски влегоа на местата на Алими и Серафимов и селекторот го освежи тимот од првото полувреме. По еден час игра шанса добија и Тошевски и Димовски и нашиот стручен штаб веќе размислуваше за дуелот против Велс во вторник.

    Во 59. минута нашите навивачи скандираа „Кочани, Кочани“ во знак на сочувство за 59-те жртви на пожарот во дискотеката во овој град. Во финишот од натпреварот, во 84.минута Бојан Миовски ги постави конечните 0:3 откако реагираше одлично на добро нафрлената топка на Бојан Илиевски. 

    Нашите фудбалери вечерва се враќаат за Скопје, и веднаш се подготвуваат за следниот натпревар кој во вторник го играат против Велс. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.