Македонската фудбалска репрезентација со очекувана победа ги почна мундијалските квалификации. Нашата селекција го совладаа Лихтенштајн во Вадуц со 0:3 (0:2) и со три бода ги отвори овие квалификации.
Натпреварот го следеа 4.904 гледачи, а поголемиот дел од нив беа наши навивачи кои дојдоа во голем број да го следат натпреварот, а со тоа да им оддат почит на трагично загинатите во несреќата во Кочани.

Македонија поведе на самиот старт на натпреварот , во 7.минуа кога Миовски се проби по левата страна , го помина голманот на Лихтенштај и упати центаршут кој го искористи Александар Трајкови и со глава ја смести топката во мрежата на домашната селекција.
По ударот од аголот во 42 минута, во петерецот најдобро се снајде Висар Муслиу и со нога ја упати топката во небранетата мрежа за водтсво на Маједонија од 2:0.
Вториот дел започна со две мешаници пред домашниот гол и лоша реализација на нашите напаѓачи. Атанасов и Илиевски влегоа на местата на Алими и Серафимов и селекторот го освежи тимот од првото полувреме. По еден час игра шанса добија и Тошевски и Димовски и нашиот стручен штаб веќе размислуваше за дуелот против Велс во вторник.

Во 59. минута нашите навивачи скандираа „Кочани, Кочани“ во знак на сочувство за 59-те жртви на пожарот во дискотеката во овој град. Во финишот од натпреварот, во 84.минута Бојан Миовски ги постави конечните 0:3 откако реагираше одлично на добро нафрлената топка на Бојан Илиевски.
Нашите фудбалери вечерва се враќаат за Скопје, и веднаш се подготвуваат за следниот натпревар кој во вторник го играат против Велс.

