Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»РК Вардар го најави новото засилување, Марек Марчињак од Полска доаѓа во Скопје
    Ракомет

    РК Вардар го најави новото засилување, Марек Марчињак од Полска доаѓа во Скопје

    risteBy riste24/03/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонски ракометен клуб Вардар 1961 го промовираше ново засилување за следната сезона. Во таборот на „црвено-црните“ следното лето доаѓа Марек Марчињак од Полска. 

    Станува збор за ракометар кој игра на позициите десен бек и десно крило. Марчињак доаѓа во Вардар од редовите на Азоти Пулави, а со скопскиот гигант потпиша двегодишна соработка до 2027 година.

    Марчињак е полски репрезентативец, играше за националниот тим на последното Светско првенство. 

    Сезонава во дресот на Азоти Пулави полскиот ракометар на 23 меча во првенството постигна 71 погодок. Во кариерата освен за овој клуб, Марчињак настапуваше уште за Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лубин, па налето доаѓа во Скопје на својот прв интернационален предизвик. 

    Инаку, Марчињак во редовите на Вардар ќе биде третиот Полјак, откако претходно за тимот настапуваа Патрик Валчак и Јан Чувара.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.