Кочанскиот кошаркарски тим Баскет Дино кој загуби еден играч во трагедијата во дискотеката а еден е на лекување заедно со шефот на стручниот штаб, треба да ги одигра последните два меча во третата лига.
Според објавеното, екипите на Шкупи и на Струмица Ролинг, ќе ги организираат мечевите на домашен терен во знак на солидарност, поддршка и помош кон ривалот од Кочани, кој патем кажано според распоредот требаше да му биде домаќин на Шкупи. Затоа влезот за мечот во СРЦ Кале ќе биде бесплатен додека во Струмица ќе се наплаќа влезница од 100 денари а целиот приход ќе биде дониран. Исто така пред двете сали ќе има и кутии за донации.
Мечот меѓу Шкупи и Баскет Дино ќе биде одигран в четврток од 19.00 часот додека дуелот меѓу Струмица Ролинг и Баскет Дино ќе биде одигран в сабота од 18.30.

