Полскиот голман, Милош Валах, од наредната сезона ќе го носи дресот на РК Вардар откако нашиот состав се согласил да го плати обештетувањето.
Тој ќе има договор со „црвено-црните“ до 2027 година. 24-годишниот ракометар минатата година се врати во Киелце откако две сезони играше како позајмен во Вибжеже.
Валах на последниот меч од Лигата на шампионите против Фуксе Берлин имаше девет одбрани.

