Тренерот на ракометарите Алкалоид, Кире Лазаров, иако се соочува со одредени проблеми во ростерот, верува дека неговите избраници ќе успеат да ја остварат целта на реваншот со Баја Маре и да го продолжат престојот во Европскиот Куп на ЕХФ.
„Овој меч е со големо значење како за клубот, така и за македонскиот ракомет и спорт и многу претпазливо ќе влеземе во реваншот со Баја Маре. Сакам да ја искористам приликата да им честитам на моите играчи за сето она што го доживеаја и поминаа пред, за време и по мечот против една незгодна романска екипа и начинот кој се функционира кога се игра на гостински терен“ – рече Лазаров.
„Многу сум претпазлив и немирен за тоа што ни следи в недела. Ќе се обидеме да се соземеме, да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт беше на раб на исклучување а само двапати добија исклучување. Се работи за екипа со многу странци кои имаат големо искуство“ – рече Лазаров пред неделниот меч закажан во Автокоманда од 19.00 часот.

