Ракометната Федерација на Македонија на денешната седница на Управниот Одбор донесе неколку значајни одлуки.
Влатко Тасевски е именуван за Генерален Секретар додека Среќко Ѓорѓиевски е поставен за претседател на Дисциплинската Комисија во која влегуваат и Тони Николовски и Кристина Лукрис.
Нашата ракометна легенда, Индира Кастратовиќ, е поставена закоординатор на сите женски репрезентации додека Гино Стрезовски ќе биде советник на Претсeдателот на РФМ за женските селекции а Драган Начевски ќе ја има таа улога за машките.

