Европската ракометна федерација одлучи неодиграниот натпревар од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу Партизан од Белград и АЕК од Атина да се преигра и тоа на неутрален терен, најверојатно без публика.
Локацијата за новата средба не е потврдена, а има шанса тоа да биде Скопје каде што нема да биде првпат да се организира меч на неутрален терен кога е српска екипа во прашање, но има и други опции како Сегед, Темишвар итн.
ЕХФ најави дека детално ќе го разгледува случајот за мечот во Белград и дополнително ќе донесе и други одлуки, кои ќе бидат поврзани со парични казни, суспензии и слично.

