Клубовите што беа иницијатори за промена на челната гарнитура во кошарската Федерацијата предводена од Перо Антоќ, денеска поднесоа иницијатива за Вонредно Собрание.
На неа има 37 потписи што е апсолутно мнозинство. Истата ја поднел, Младен Ѓуроски, кој на наредниот собир на делегатите треба да биде единствениот кандидат да го преземе кормилото на нашата кошарка.
Антиќ и актуелното раководство по поднесената иницијатива согласно статутот, имаат рок од 14 денови да закажат вонредно Собрание, во спротивно, клубовите може сами да го организираат.

