Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар од бараж двомечот за место на СП 2025. Нашиот национален тим гостува во Кошалин, каде ќе игра против домашната селекција на Полска
Ракометарките на Македонија ќе излезат на терен за да се надигруваат со ривалот. Желба и мотив постојат, а тоа е дека последниот настап на едно Светско првенство, женската селекција го имаше пред долги 18 години.
Во составот на ракометарки кои ќе настапат, од првичниот список, селекторот Грчевски не ги избра голманката Матеа Чурлиновска, како и крилата Пена Граматова и Емилијана Ризоска.
Натпреварот меѓу Полска и Македонија стартува од 20:30 часот, а реваншот ќе се игра во Битола и е закажан во сабота (12 април од 19 часот).

