Кошаркарскиот состав Торонто очекувано се раздели со двајца играчи.
Канадскиот клуб ги раскина договорите со центарот, Орландо Робинсон (24 години, 208 см) и поентерот, Кол Свајдер (25 години, 203 см).
Робинсон во сезонава играше на 35 натпревари со просек од 8,1 поен, 5,9 скока и 1,9 асистенции. Свајдер одигра 8 натпревари, со просек од 7,4 поени и 3,1 скока.

