Кошаркарот на Сан Антонио, Крис Пол, го надмина достигнувањето на Џон Стоктон откако ги започна сите 82 натпревари во неговата 19-та и воедно последна сезона во НБА лигата.
Пол кој во месец мај ќе наполни 40 години, стана еден од тројцата играчи кои се појавиле на сите мечеви во регуларниот дел во една сезона на негова возраст.
Стоктон го направи тоа со 39 и 40 години а Мајкл Џордан ги одигра сите 82 натпревари во неговата последна сезона на 39-годишна возраст.

