Легендарниот кошаркар, Кармело Ентони, кој ќе биде дел од „Куќата на славните“, зборуваше за лидерските квалитети на Крис Пол.
„Крис Пол дефинитивно е еден од најдобрите лидери во историјата на НБА. Многу зборуваме за Леброн Џејмс, но Крис Пол сè уште игра. Не е важно дали има шампионска титула или не, тој е втор по асистенции, тој сè уште игра, има уште многу да даде на натпреварите“ – рече Ентони.
„Да се биде лидер не е лесно. Некои од неговите соиграчи го мразат, некои го сакаат. Тој ќе го води тимот до победа“ – рече Ентони.

