Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер го победи домаќинот Динамо Букурешт (36:37) и се пласираше на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во Лигата на шампионите во младинска конкуренција. Младите ракометари на Еурофарм Пелистер одиграа уште еден одличен натпревар во Букурешт, па со втора победа стигнаа до место меѓу четирите најдобри во Европа во младинскиот ракомет.
Пелистерци одлично го започнаа натпреварот и во поголемиот дел од првото полувреме имаа предност, за во финишот да направат серија од 6:1 и да дојдат до предност од 18:12 на паузата.
Во вториот дел домашната екипа по 7-8 минути игра успеа да ја стопи предноста на Е.Пелистер на 23:21, но добрата игра на нашата екипа продолжи и не дозволија домашните ракометари да дојдат до пресврт.
До крајот на мечот се играше гол за гол, а во последните моменти Е.Пелистер поведе со 37:36 на 30 секунди до крајот, а домашната екипа не успеа да го реализира последниот напад што значеше победа на Еурофарм Пелистер и пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Келн.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелсиетр беше Хаџиќ кој постигна 12 гола, а Буторац постигна 6, Марковски 5 гола.

